Јунски пад на девизните резерви

Bez autora
Jul 14 2014

Натамошен пад на девизните резерви на државата регистрирала Народна банка на Македонија во јуни годинава. Само за еден месец девизната позиција на земјава е намалена за 47 милиони евра, додека, пак, падот во однос на една година претходно изнесува 166 милиони. И централната банка признава дека падот на девизните резерви е поголем од оној што бил очекуван, но смирува дека тие и натаму се во сигурната зона за државата. На крајот на јуни годинава девизните резерви се на ниво од 1,873 милијарди евра, наспроти 1,920 милијарди во мај. Во шестиот месец од минатата година, пак, девизите на државата тежеле 2,039 милијарди евра. Девизните резерви својот „пик“ го имаа во јануари лани, кога изнесуваа 2,263 милијарди евра, по што со мали осцилации главно се движеа по надолна линија. Под психолошката граница од две милијарди евра се спуштија во декември 2013, по што и натаму продолжи надолниот тренд.

Јунски пад на девизните резервиНатамошен пад на девизните резерви на државата регистрирала Народна банка на Македонија во јуни годинава. Само за еден месец девизната позиција на земјава е намалена за 47 милиони евра, додека, пак, падот во однос на една година претходно изнесува 166 милиони. И централната банка признава дека падот на девизните резерви е поголем од оној што бил очекуван, но смирува дека тие и натаму се во сигурната зона за државата.

На крајот на јуни годинава девизните резерви се на ниво од 1,873 милијарди евра, наспроти 1,920 милијарди во мај. Во шестиот месец од минатата година, пак, девизите на државата тежеле 2,039 милијарди евра.

Девизните резерви својот „пик“ го имаа во јануари лани, кога изнесуваа 2,263 милијарди евра, по што со мали осцилации главно се движеа по надолна линија. Под психолошката граница од две милијарди евра се спуштија во декември 2013, по што и натаму продолжи надолниот тренд.

„Според последните расположливи податоци, девизните резерви забележаа пад, кој е повисок од проектираниот за вториот квартал, но анализирано преку показателите на адекватност на девизните резерви, тие и понатаму се движат во сигурна зона, односно укажуваат на доволно ниво на девизни резерви за справување со евентуални, непредвидени шокови“, се вели во последното завчерашно соопштение од централната банка.

Инаку, најголем дел од своите девизни резерви земјава чува во сигурни хартии од вредност, каде што и е регистриран најголемиот пад. Односно, на крајот на јуни годинава тие изнесувале 1,395 милијарди евра, што во однос на еден месец претходно е пад за 175 милиони евра, а во однос на јуни лани падот е за 312 милиони евра. Додека, пак, делот од девизните резерви што се држи во валути и депозити има значајно зголемување, од 145 милиони евра во мај, на 263 милиони во јуни годинава, односно порастот е за 118 милиони за еден месец. Пораст има и кај монетарното злато, кое во јуни годинава е на ниво од 210 милиони евра.

На прес-конференција која се одржа во мај, гувернерот Димитар Богов објасни дека девизните резерви на земјава од почетокот на годинава се намалиле поради фактот што државата отплаќала свои долгови кон странство, а во исто време не се задолжувала преку надворешни кредити, односно не стигнале планираните капитални приливи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik